Microsoft апликациите во еко едукација
Чудесната преобразба на пеперутката
-Волшебничка која ја буди еко свеста кај малите и големи истражувачи


Main | My profile | Log out 
Site menu

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0



Login form


 

Креатор и администратор
на страната
Весела Богдановиќ
veselabogdanovic@live.com

Автор на проектот
Павлина Карова
pavlinakarova@live.com


E-mail:
Password:

ЕВАЛВАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

Психолог
Стефанка Ценева
OОУ " Кирил и Методиј"
Велес

Активностите за мониторинг и евалвација претставуваа составен дел  уште од самиот почеток и постепено се развиваа со текот на спроведувањето на проектот.

Резултатите кои се прикажани тука се клучните наоди од завршната евалвација која беше спроведена во рамките на реализацијата на проектот.

За следење на сите активности во проектот се користеа наставни програми, годишно, процесно планирање и дневни подготовки на наставниците, протоколи за следење на наставните часеви, евидентни листи и прашалници за ученици, наставници и родители,листи за самопроценка.

Значењето на овиј проект е од голема важност затоа што идејата за неговото поставување како проблем ја поттикнаа самите ученици. Имено учениците од 7 одд. поттикнаа една тема Размножување и развиток на животните на која со голем интерес и се приклучија и учениците од помалата возраст 1,3 и 4 одд. Проблемот беше интересен и за други училишта од други градови и средини со различен менталитет и култура на живаање, така да во нeговата реализација се вклучи голема популација на ученици и наставници. Начинот на кој се анимираа учениците уште од најмала возраст и различни средини на живеење им овозможи голема колаборативност и размена на искуства.

Во согласност со целите и содржините на часовите, набљудуваните наставници користат различни приоди и техники во наставата. Почитувајки го холистичкиот приод во работата со ученици од најмала возраст се пристапи кон максимална интеграција со предметите уште при планирањето на содржините од проектот. Се забележува како наставниците стануваат почувствителни кон потребите на учениците и ги усогласуваат задачите да бидат соодветни со степенот на развој на учениците.

При опсервацијата на сите активности кои се реализираа во проектот можеше да се забележи дека активната настава со интеграција на различни предмети и содржини поттикнува голема мотивираност кај сите ученици.

Проектното учење се користи како метод во активната настава и се користи за активно учење преку кој учениците работат заеднички и истражуваат некој сложен проблем од реалниот живот, користат стратегии за решавање на проблемите и различни ресурси за да дојдат до решение. Тоа е значајно бидејќи ги мотивира и им овозможува на учениците да развиваат повисоки нивоа на мислење. Со проектно учење се збогатува знаењето, се подобруваат комуникациските вештини, решавањето проблеми, како и вештините за самостојно учење.

          Учениците сé повеќе учествуваат во групна работа. Работењето во мали групи е корисно, бидејќи создава можност за активно вклучување на сите ученици. Групната работа е важна и за развивање на социјалните вештини и тимскиот дух. Со овој начин на работа тие стекнуваат трајни знаења и искуства кои ќе ги примануваат во секојдневниот живот. Тие опишуваа свои претстави за еколошкиот развој и опстанок на живиот свет и ги откриваа еколошките и социјалните карактеристики на животните заедници и нивната поврзаност.

.         Успешно се покажаа истражувачките способности на учениците со давање приоритет на групната и индивидуална форма на работа. Учениците успешно ги воочуваа проблемските ситуации и наоѓаа начини за нивно разрешување. Логички размислуваа и иницираа активности преку кои ја изразија својата љубопитност и истрајност во работата.        Преку истражувачките активности стекнуваа чувство на сигурност и самодоверба и затоа содржините од наставните предмети ги доживуваа како пријатно искуство.

Со развивање на мисловните активности учениците градеа систем за поимите и претставите во природата што не опкружува и нивната одржливост. Учествуваа во разговор преку активно вклучување и самостојно ги искажуваа своите чувства и факти. Тие умешно ги опишуваа суштествата и своите доживувања и чувства ги преточија во стих, строфа и песна, твореа прекрасни литературни творби. Со својата ктеативност и мануелна способност преку разни материјали и техники на цртање и моделирање на инсекти, тие изградија визуелна комуникација и ги изразија свиоте емоции на задоволство од изработениот труд кој беше композиција од сложен волумен.

Сите активности кои се реализираа во проектот им овозможија на учениците да развиваат вештини за собирање, класифицирање, ананализирање, синтетизирање, споредување и размена на искуства. Тимската работа им овозможи да се развие другарството не само во училиште туку и надвор од него.

Со примена на современа ИКТ технологија со голема сигурност и самодоверба, учениците вршеа презентација на стекнатите знаења и искуства и критички размислуваа за нивната практочна применливост односно, за грижата и заштитата на живиот свет и животната средина.

Самата тема во проектот побуди интерес кај учениците за грижа за живиот свет.Тие дојдоа до сопствени сознанија дека природата на инсектите им нуди живот, а нивната грижа за нив им овозможува да се одржува видот и во иднина.

             Наставникот ги планира постапките и ги користи подготвените инструменти за формативно оценување на знаењата и вештините што учениците ги совладале. Оценувањето е заемно според аналитичка бодовна листа за проект и листа за аналитичко оценување на групната работа. Истовремено дава усна повратна информација за постигањата на учениците со цел ученикот подобро да го осознае процесот на сопственото учење(да биде информиран што треба да направи за да напредува). Наставникот нуди можност секој ученик да биде ангажиран и вклучен во текот на активностите, преку најразлични активности кои поттикнуваат на размислување.

Преку реализација на проектот се докажа дека учениците од различна училишна возраст и различна култура на живеење со помош на Микрософт технологијата комуницираат и ја унапредуваат соработката. Со примена на современата образовна технологија се поттикнува голем интерес и активност за учење.

Наставниците го надминаа отпорот кон промени и стравот од користење нови технологии. Проектот е доказ дека повеќе наставници користат ИКТ за спроведување на наставните активности заедно со нивните ученици. Наставниците сега се искусни и се чувствуваат компетентни за користење на Микрософт за различни наставни цели. Интернет заедниците за разменување на пракси овозможуваат одржливи и секојдневни можности за наставниците да дискутираат, разменуваат искуства и да го оценуваат она што го работат, со цел да научат повеќе и да применуваат нови вештини и знаења.           Наставниците имаат поддршка од колегите и од нивното училиште и од другите училишта. Тие активно ги разменуваат своите искуства и наставните материјали преку Sky Drive, Skipe. Наставниците се ентузијасти и мотивирани за примена на методите кои ги ставаат учениците во центарот на образовниот процес. Методите за активно учење и поучување, како што се проектно учење, истражување, презентирање на интересни проблеми, поставување прашања, нагласување на практичната димензија на наставните содржини и нивна примена во секојдневниот живот, сè почесто се применуваат во пракса. Наставниците ги прилагодуваат задачите за да бидат соодветни на претходното знаење на учениците и на нивниот когнитивен развој. Наставниците сметаат дека овие методи на работа се добри и корисни и бараат вложување на повеќе време и енергија. Учениците се активни партнери во реализацијата на сите активности во наставата. Тие го опишуваат процесот на учење како поразличен од оној кој е применуван во секојдневната пракса, но се сложуваат дека со овој метод на работа учениците побрзо учат и стекнуваат трајни, практично приманливи знаења.

За успешноста во реализацијата на сите активности од проектот изработени се крајни продукти.

Проектот беше целосно подржан и од страна на родителите кои пред се беа задоволни што нивните деца целосно беа посветени на активнистите кои ги реализираа на наставните часеви и се користеа со лирература и енциклопедии кои тие им ги обезбедуваа со цел да ги задоволат потребите за стекнување знања кај своите деца. Беа задоволни што комјутерот во домот го користеа како извор на податоци потребни за наставата и за комуникација со ученици (другарчиња) од друг град со кои разменуваа информации за темата која се реализираше во проектот.

Учениците се тие кои беа најсреќни и задоволни од реализацијата на проектот. Кога би било вака секој ден и секој час ние со задоволство ќе доаѓаме на училиште-велат тие. Сакаат да истражуваат и да разменуваат искуства со своите врсници во група или преку Микрософт технологијата. На тој начин нивните стекнати знаења и искуства ќе можат практично да ги приманат во секојдневниот живот.Тие се ганерациите кои не водат до и подобра иднина.

Психолог
Стефанка Ценева
OОУ "Кирил и Методиј"
Велес